Поранешниот Ф1 возач, Ралф Шумахер, призна дека е геј

 Поранешниот Формула 1 возач Ралф Шумахер, кој е помлад брат на седумкратниот светски шампион, Михаел Шумахер, преку социјални мрежи објави дека е во истополова врска.

„Најубава работа во животот е кога го имаш вистинскиот парнтер покрај себе, со кого можеш да споделиш се“ напиша тој под фотографија каде што се држи за рака со друг маж додека гледаат зајдисонце.

Ралф, кој има 49 години, има шест победи во 11 години кариера во Формула 1, а претходно беше оженет со Кора, со која има 22-годишен син Давид.

„Многу сум среќен што конечно најде некој со кого можеш да се чувствуваш удобно и безбедно. 100% те поддржувам тато и ти посакувам се најдобро. Честитки“ напиша Давид на фотографијата споделена од Ралф.

Ралф е само вториот возач на Ф1 кој признал дека е геј по Мајк Ботлер, кој се тркаше од 1971 до 1973 година.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни