Поранешниот директор на Google предупредува: ВИ може да биде злоупотребена

Поранешниот извршен директор на Гугл, Ерик Шмит, изрази загриженост дека вештачката интелигенција би можела да се користи од терористи и „нечесни режими“ за да им наштетат на невини луѓе и ги повика владите да ги надгледуваат приватните технолошки компании.

„Мојот вистински страв не е оној кој повеќето луѓе го спомнуваат кога зборуваат за вештачка интелигенција (ВИ) – зборувам за екстремен ризик“, изјави тој за Би-Би-Си, спомнувајќи ги Северна Кореја, Иран и Русија како земји кои би можеле да ја злоупотребат технологијата за создавање биолошко оружје.

Тој беше на високи позиции во Google од 2001 до 2017 година.

Тој повика на владин надзор над приватните технолошки компании кои развиваат модели на вештачка интелигенција, но предупреди дека прекумерната регулација може да ја задуши иновативноста. Шмит додаде дека се согласува со американските извозни контроли на моќните микрочипови кои ги напојуваат најнапредните системи за вештачка интелигенција.

Пред да ја напушти функцијата, поранешниот американски претседател Џозеф Бајден го ограничи извозот на микрочипови во 18 земји, со цел да го забави напредокот на противниците во истражувањето на вештачката интелигенција.

Одлуката сепак би можела да биде поништена од новиот претседател Доналд Трамп.

„Помислете на Северна Кореја, Иран или дури и Русија, кои имаат некоја зла цел. Оваа технологија е доволно брза за да може да се злоупотреби и да предизвика вистинска штета“, рече Шмит.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни