Поранешната девојка на Шон Диди, Кеси Вентура, ќе сведочи против него

Кеси Вентура, поранешната девојка на раперот Шон Диди Комбс, ќе сведочи на претстојниот судски процес против него, пишува People.
Фото: lukeford.net, CC BY-SA 2.5, via Wikimedia Commons

Вентура досега беше наведена како „жртва број еден“ во судските документи, но планира да го користи своето име кога ќе сведочи.

„Жртвите 2, 3 и 4 побарале да не се објавува нивниот идентитет“, се наведува во документите.

Да потсетиме, судот на претходното рочиште го прошири обвинението против озлогласениот музички магнат. Меѓу другото, Диди наводно платил 100.000 долари за видео на кое ја тепа својата поранешна девојка Кеси Вентура.

Вентура и Диди почнаа да се забавуваат во 2007 година, две години откако се запознаа. Тие излегоа во јавноста со нивната романса во 2012 година, а раскинаа во 2018 година. Пет години по разделбата, во ноември 2023 година, Кеси поднесе тужба против Комбс, велејќи дека ја злоставувал за време на нивната 11-годишна врска. Во тужбата стои и дека ја силувал, а во 2016 година имало и физички конфликт.

Комбс моментално се соочува со повеќе од 40 точки од обвинението за сексуален напад, рекет и трговија со луѓе со цел сексуална експлоатација. Неговото судење треба да започне овој мај во Њујорк.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни