Поранешната мултимилионерка Кејтлин Пајл одлучила да го напушти својот луксузен начин на живот и да стане дигитален номад. Кејтлин има 36 години и до неодамна водеше компанија за лекторирање, а нејзиното богатство вредеше четири милиони долари, пишува New York Post.
Таа тогаш живеела со својот сопруг во осумкатница на Флорида, но по разводот решила да го сврти животот и да ја продаде компанијата. Таа сега ја издава својата палата со 18 соби, за која мораше да плаќа околу 180.000 долари годишно како трошоци за одржување.
Животот на дигитален номад
Кејтлин го купила комбето за 88.000 долари и вложила дополнителни 102.000 долари (нешто помалку од 94.000 евра) за негово реновирање и адаптирање. Таа сега патува низ САД и пробува нови активности како планинарење, додека работи на интернет како животен тренер.
Го живеам животот каков што отсекогаш сум сакала
„Порано одев на неколку скапи одмори, годишно. Тоа не беше одржливо на долг рок, а и не ме правеше посебно среќна и одморена. Сега трошам 20 до 30 долари дневно и го живеам животот каков што отсекогаш сакав да го живеам”, признала таа и додала дека не планира да да се откаже од номадскиот живот.
Извор: New York Post