Поради закана за поставување бомба, уапсено лицето кое Скарлет Јохансон пријави дека ја демне

Човекот кого Скарлет Јохансон го обвини дека ја прогонува е уапсен поради закани со бомба, пренесува Е!.
Фото: Gage Skidmore, CC BY-SA 3.0, via Wikimedia Commons

Мајкл Бранам, кој беше уапсен од њујоршката полиција во средата, наводно се заканил дека ќе активира бомба поставена во студиото „Saturday Night Live“, каде со години работи Колин Јост, кој е во брак со Јохансон од 2020 година.

Ен-Би-Си известува дека Бранхам на сослушувањето се изјаснил за невин за инцидентот и за заканата со бомба. Наводно, Бранхам испратил дојава за бомба до колеџот во Конектикат, што администраторот набрзо ја пријавил во полиција.

Да потсетиме дека во ноември 2023 година, Јохансон побара забрана за приближување против Мајкл Бранхам во Калифорнија. Никогаш не е официјално потврдено дека се работи за истиот човек кој ја упатил заканата со бомба, иако тие имаат исто име и имаат иста возраст. Актерката во документите навела дека Бранхам ја демнел од август 2022 година.

Судот минатата година го одби нејзиното барање, тврдејќи дека обвинетиот никогаш не ги добил документите. Адвокатката на Скарлет тогаш наводно потврдила дека не можат да му ги достават.

Дополнително, еден човек по име Бранхам се вели дека споделил неколку објави за Скарлет Јохансон на социјалните мрежи во текот на изминатиот месец. Меѓу нив наводно има и селфи на кое се гледа тетоважа со срце на која е испишано името на актерката.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни