Поради објави на социјалните мрежи, годишно се апсат по 12.000 Британци: Во просек 33 лица дневно

Британските полицајци апсат околу 12.000 лица годишно поради навредливи пораки на Интернет, според податоците од 2023 година. Критичарите ги обвинуваат властите за кршење на слободата на говорот и прекумерно спроведување на законите што ги регулираат дигиталните комуникации.

Според најновите бројки, британските полицајци апсат околу 12.000 лица годишно, според член 127 од Законот за комуникации од 2003 година и член 1 од Законот за злонамерни комуникации.

Овие закони го криминализираат предизвикувањето проблеми со испраќање пораки што се „грубо навредливи по природа“ или „споделување навредлива содржина“ преку дигитални комуникациски мрежи, објавува „Тајмс“.

Само во 2023 година, полицајци од 37 полициски сили извршиле 12.183 апсења, или просечно 33 дневно.

„Тајмс“ вели дека ова е зголемување од 58 проценти во однос на 2019 година, кога беа регистрирани 7.734 апсења.

Во исто време, владините податоци покажуваат дека пресудите и казните се намалени за речиси половина.

Иако некои случаи беа решени вонсудски, најчесто наведуваната причина беа „тешкотии со доказите“, особено кога жртвите одбиваа да продолжат.

Статистиката предизвика јавен негод, при што групите за граѓански слободи ги обвинуваат властите за прекумерно контролирање на интернетот и поткопување на слободата на говорот преку употреба на „нејасни“ закони за комуникации.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни