Поради дронови затворен аеродромот во Копенхаген

Најголемиот дански аеродром во Копенхаген вчера вечерта го прекина целиот сообраќај откако во неговата околина биле забележани дронови, потврди полицијата.

„Аеродромот моментално е затворен за полетувања и слетувања, бидејќи во областа беа видени два до три големи дрона. Не е познато колку долго ќе трае прекинот,“ соопшти полицијата на платформата X.

Според податоците на FlightRadar, сообраќајот е прекинат во 20:26 часот по локално време, а најмалку 15 летови биле пренасочени кон други аеродроми.

Портпаролот на аеродромот потврдил дека сообраќајот е целосно запрен, но не изнел дополнителни детали.

Извор: Index.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни