Водата предизвика свлечишта, прекин на снабдувањето со електрична енергија во повеќе општини и излевање на реки од коритата.
Властите распоредија илјадници припадници на службите за итни интервенции за евакуација, расчистување и надзор на погодените подрачја долж брегот на Мексиканскиот Залив и во централните сојузни држави, кои беа најтешко погодени од врнежите што траеја најголем дел од минатата недела.
Според Лаура Веласкез, национална координаторка за цивилна заштита, најпогодени се државите Идалго и Веракруз: во Веракруз се пријавени 29 загинати и 18 исчезнати, а во Идалго 21 загинат и 43 исчезнати.
Снабдувањето со струја беше прекинато во општини во пет сојузни држави, но во поголем дел е повторно воспоставено, соопштија властите.
Извор: N1info.rs
