Голема поплава во село Горна Бела Црква – најсилна од 1985 година

Жителите велат дека ова е најголемото излевање на вода во последните четири децении, со поплавено земјоделско земјиште и локални инфраструктурни штети.

Голема поплава е регистрирана во селото Горна Бела Црква, во Ресенско, при што под вода се најдоа делови од селото, локални патишта и земјоделски површини.

Особено погодени се овоштарниците со јаболка, кои претставуваат главен извор на егзистенција за дел од мештаните. Според сведоштвата на жителите, станува збор за најголемата поплава што ја паметат во последните речиси четири децении, односно од 1985 година до денес.

Во моментов нема официјални информации за обемот на материјалната штета, а жителите апелираат за итна помош и проценка на состојбата на терен.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни