Бројот на барања за азил во Европската унија повторно се намали минатата година, и тоа за 20% на годишно ниво, објави агенцијата одговорна за следење на процесот. Прелиминарните податоци покажуваат дека од почетокот на јануари до средината на декември 2025 година биле регистрирани околу 780.200 барања во 27-те земји членки на ЕУ, како и во партнерските земји Норвешка и Швајцарија, според доверливо известување на Европската комисија.
Според извештајот, кој бил испратен до државите членки на ЕУ, падот од околу една петтина во однос на истото време во 2024 година главно се припишува на помал број барања за азил од лица од Сирија. Откако заврши долготрајното владеење на Башар ал Асад кон крајот на 2024 година, Сирijците се надеваат на подобра иднина, што резултира со помала миграција во странство.
Намалување на миграциите кон Германија
Германското Министерство за внатрешни работи соопшти на почетокот на месецот дека значително помал број барања за азил биле поднесени во земјата. Според официјалните податоци, бројот на први барања паднал за 51% на 113.236 во 2025 година во споредба со 2024 година.
Извештајот на Европската комисија ги опфаќа и првичните и понатамошните барања.
За време на периодот на известување во Германија биле поднесени околу 149.100 барања, следи Франција со 148.600, Шпанија со 137.300 и Италија со 125.800 барања.
Задоволство од бројките
Повикувајќи се без конкретни бројки, комесарот на ЕУ за внатрешни работи и миграции, Магнус Брунер, изјави дека 2025 година била добра година за европската миграциска политика.
„Европската унија континуирано напредуваше со реформата на законите за миграции и азил и спроведе клучни делови од законодавниот пакет“, рече Брунер. Тоа вклучува посилна заштита на надворешните граници и забрзани процедури. „Резултатите се јасно видливи: илегалните премини на границите паднале за повеќе од половина од 2023 година“, додаде комесарот
