Полскиот премиер Доналд Туск изјави денес дека неговата влада привремено ќе го суспендира правото на мигрантите кои пристигнуваат во Полска преку границата со Белорусија да поднесуваат барање за азил.
Туск ја објави одлуката за усвојување на контроверзниот закон кој го потпиша претседателот на Полска Анджеј Дуда и кој ќе им овозможи на полските власти да ја суспендираат правото на азил во период до 60 дена, пренесува BBC.
Дуда изјави дека промените се потребни за да се засили безбедноста на границите на земјата.