Полска нема да испраќа трупи, обука за Украинаци само на полска територија

Полското Министерство за одбрана ги демантираше гласините за испраќање војници во Украина. Обуката за управување со дронови ќе се одржува исклучиво на територијата на Полска, како дел од зголемена воена соработка помеѓу Полска и Украина.

Полските војници нема да одат во Украина и да учествуваат во удари со дронови врз руските сили, туку само ќе организираат обука за управување со дронови за украинските војници, соопшти полското Министерство за одбрана.

Министерството ги демантираше медиумските извештаи дека Полска е првата земја која официјално испраќа војници да се борат против Русија во Украина. Украинските експерти ќе ги споделат своите искуства со Полјаците на полска територија.

„Во врска со прашањата за локацијата на планираната обука за дронови и соработката помеѓу експертите од Полска и Украина, ве известуваме дека моментално се во тек активни преговори помеѓу експертите од двете земји за проширување на соработката во областа на дроновите и системите против дронови. Сите овие активности треба да се одржат на полска територија“, стои во извештајот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни