Полска го откупи ракописот на Шопеновата балада бр. 4 во Ф-мол

Полските власти соопштија дека оваа недела го откупиле ракописот на баладата на композиторот Фредерик Шопен, партитура чие изложување ќе се совпадне со престижното пијанистичко натпреварување кое го носи неговото име и кое оваа година ќе се одржи во Варшава.

Ракописот на Балада бр. 4 во Ф-мол беше претходно во приватна сопственост, пред Полска минатата година да постигне договор за откуп.

„Тоа е вистинко богатство“, изјави полската министерка за култура, Хана Врблевска, за новинарите во Институтот Шопен во Варшава, додавајќи дека оригиналните ракописи на француско-полскиот композитор се многу ретки.

Откупот беше извршен со јавни средства, но институтот не ја објави цената на ракописот од четири страници поради клаузулата во договорот.

„Овој ракопис е во одлична состојба. Чуван е повеќе од 100 години во оптимални услови“, изјави Северин Кутер, куратор на Институтот Шопен.

Роден 1810 година во местото Жељазова Вола, 50 километри западно од Варшава, Шопен ја напуштил Полска по избивањето на револуцијата, и замина прво во Виена, а потоа во Париз, каде што починал на 40-годишна возраст, на 17 октомври 1849 година.

Неговата музика останува симбол на долгата борба на Полска за слобода.

Партитурата што ја купила Полска ќе биде предмет на изложба во Варшава, која ќе започне во јуни и ќе трае до крајот на октомври, кога ќе се одржи 19-то Меѓународно пијанистичко натпреварување „Фредерик Шопен“. Ова натпреварување, што се одржува секоја петта година од 1927 година, привлекува пијанисти од целиот свет.

Во октомври, организаторите соопштија дека на руските пијанисти ќе им биде дозволено да учествуваат на натпреварувањето само под неутрално знаме и ако не ја поддржат агресијата на нивната земја кон Украина.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни