Полска ги подигна борбените авиони по рускте напади на западна Украина

Главниот штаб на полската војска соопшти дека поради заканата, активирани се борбени авиони и противвоздушни системи на највисоко ниво на готовност

Полска „превентивно“ ги подигна борбените авиони поради интензивен воздушен напад на Русија врз западна Украина – регија што се граничи со земјата-членка на НАТО.

Главниот штаб на полската војска соопшти дека поради заканата, активирани се борбени авиони и противвоздушни системи на највисоко ниво на готовност. Ова, според нив, е стандардна мерка во случаи кога руски ракети или дронови се приближуваат до полската граница.

Русија нападна повеќе цели во западна Украина, вклучувајќи ја и Ривненската област, каде според локалните власти, била „многу тешка ноќ“ со најмалку еден повреден цивил. Нападнат бил и Киев, каде што е оштетена зграда.

Руското Министерство за одбрана тврди дека пресретнало 49 украински дронови, дел и длабоко во внатрешноста на Русија, дури 600 км источно од Москва.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни