Според неофицијални информации, припадници на полицијата и војската го пребаруваат теренот во општина Кањижа, барајќи недозволени супстанции кои се опасни по животот на граѓаните и делови од витална инфраструктура, јавуваат српските медиуми.
Како што дознава РТС , по одобрение од страна на Полициската управа во Суботица, припадници на Управата за криминалистичка полиција, заедно со Воената полиција и други единици на српската армија, од раните утрински часови се ангажирани во блокирање и пребарување на дел од територијата во општина Кањижа, со цел да се бараат недозволени супстанции опасни по животот на граѓаните и делови од витални инфраструктурни објекти во тој дел од Србија.
Полицијата и воениот персонал блокираа неколку патишта во општината.
Патиштата од селото Трешњевац до селото Војвода Зимоњиќ се блокирани, како и патот од селото Војвода Зимоњиќ до селото Велебит.
Полицијата и војската го пребаруваат подрачјето на патот Трешњевац-Војвода Зимоњиќ, како и на патот кон селото Велебит.
Пребарувањето се спроведува од земја, со контрола и координација од воздух. Хеликоптери летаат над областа.
Сите расположиви сили на UKP и VS се на терен, вклучувајќи ја и 72-та специјална бригада.
Беа распоредени хеликоптери, беспилотни летала, кучиња трагачи, термичко снимање, тимови за контрасаботажа, амбулантни возила и опрема, јавуваат српските медиуми.