Се подготвува погребот на Хамнеи, додека Иран удира на нови цели

Иранската Револуционерна гарда тврди дека лансирала околу 40 ракети кон американски и израелски цели

Иранската Револуционерна гарда соопшти дека лансирала околу 40 ракети кон американски и израелски цели, во рамки на нов бран напади во текот на петтиот ден од војната на Блискиот Исток.

Според соопштението емитувано на иранската државна телевизија, станува збор за 17-тиот бран од операцијата „Искрено ветување 4“, изведен од воздушно-космичките сили на Револуционерната гарда.

„Пред неколку часа беше изведен нов бран напади, при што беа лансирани 40 ракети кон американски и ционистички цели“, се наведува во соопштението. Засега не се објавени дополнителни детали за погодените цели.

Во меѓувреме, во Техеран започнуваат подготовките за погребот на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи.

Иранските државни медиуми објавија дека комеморацијата ќе започне во 18:30 часот по локално време и ќе трае три дена, по што ќе следува и погребна поворка низ главниот град.

Според информации на „Њујорк тајмс“, кои се повикуваат на ирански извори, синoт на Хамнеи, Моџтаба Хамнеи, се појавува како главен кандидат за негов наследник на позицијата врховен лидер на Иран.

Одлуката за новиот лидер би можела да биде донесена во наредните денови, додека конфликтот меѓу Иран, Израел и САД продолжува да се интензивира.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни