Погоден брод во Ормутскиот теснец

Нападот доаѓа откако претставници на ИРГ се заканија дека ќе нападнат бродови што се обидуваат да поминат низ Ормускиот теснец

Контејнерски брод бил погоден од ракета во Ормутскиот теснец северно од Оман, објави британската агенција UK Maritime Trade Operations (UKMTO), која ја следи безбедноста на комерцијалниот превоз.

Според нивните информации, ракетата погодила контејнерски брод и предизвикала пожар во машинската просторија.

UKMTO објави дека во моментов нема извештаи за последиците од нападот врз животната средина.

Нападот доаѓа откако претставници на Иранската револуционерна гарда (ИРГ) се заканија во последните денови дека ќе нападнат бродови што се обидуваат да поминат низ Ормускиот теснец.

Висок функционер на ИРК претходно изјави дека теснецот е затворен и се закани дека иранските сили ќе „запалат бродови“ што ќе се обидат да поминат низ клучниот морски премин. Заканите следеа по нападите на САД и Израел врз цели во Иран и иранската одмазда во регионот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни