Поетско читање во чест на 50 години од „Тајнопис“ на Анте Поповски

Во чест на јубилејот – 50 години од објавувањето на поетската збирка „Тајнопис“, во недела, 17 август 2025 година, со почеток во 19 часот, во просториите на Europe House Струга (ул. Климентица) ќе се одржи поетско читање посветено на делото на великанот на македонската поезија Анте Поповски.

Настанот е во организација на Здружението за зачувување на делото на Анте Поповски – „Антево перо“ и Europe House Струга, и ќе собере поети од повеќе генерации кои преку своите стихови ќе оддадат почит на Поповски.

Покрај живите настапи, публиката ќе има можност да ужива и во ретки видео и аудио записи од самиот Анте Поповски, што ќе овозможи поинтимно доживување на неговата поетска мисла и глас.

„Тајнопис“, објавена во 1975 година, е едно од најзначајните дела во македонската книжевност и остави длабока трага во современата поетика. Ова поетско читање има за цел да потсети на богатството на зборот на Поповски и да го зближи новото поколение читатели со неговиот творечки свет.

Организаторите ги покануваат љубителите на литературата, почитувачите на македонската поезија, но и сите кои сакаат да се запознаат со творештвото на Анте Поповски, да присуствуваат и да уживаат во вечерта исполнета со стихови, спомени и културно дружење.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни