Ирскиот поет Џери Марфи вечерва во „Буква“

Џери Марфи е еден од најзначајните ирски поети, чија поезија се одликува со исклучителна свесност и сатира карактеристична за неговото творештво. Тој е добар пријател на Македонија, кој претходно гостувал во Македонија на покана на издавачката куќа „ПНВ Публикации“. Марфи е добитник на значајни ирски и интернационални книжевни награди.

Денес од 20:30 часот во кафе-книжарница „Буква“, ирскиот поет Џери Марфи ќе чита песни од книгата „Жалба до Музата / A Complaint to The Muse”, издание на ПНВ Публикации. Препевот од англиски на македонски е на Јулијана Величковска, која ќе биде и модератор на настанот.

Џери Марфи е еден од најзначајните ирски поети, чија поезија се одликува со исклучителна свесност и сатира карактеристична за неговото творештво. Тој е добар пријател на Македонија, кој претходно гостувал во Македонија на покана на издавачката куќа „ПНВ Публикации“. Марфи е добитник на значајни ирски и интернационални книжевни награди.

Mарфи започнал да ги објавува неговите книги во средината на 80тите години, а неговата кариера првично започнала како спасувач и менаџер на базен за пливање. Неговата поезија е силно препознаена во Европа и во светот, под длабоко влијание на џезот, но и историските и политички преокупации на современиот свет.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни