„Поетроника за млади“, нов проект на Оливер Митковски и Андреја Салпе со српската поетеса Радмила Петровиќ ќе се одржи на 29.октомври 2025, (вторник), со почеток во 20:00 часот во Јавна соба.
Проектот произлегува од идејата да ги научиме младите да ја сакаат поезијата, не преку книжевни анализи, туку преку живо, современо и инспиративно доживување.
Преку музичко-поетски перформанс, поезијата станува блиска, ритмична и разбирлива за генерацијата што расте со звук, екрани и визуелна култура. Првичната идеја беше во рамките на проектот да се реализира настап со српската поетеса Радмила Петровиќ.
Од таа соработка произлезе нешто многу поголемо – нова уметничка фузија и сериозна регионална соработка, која го проширува концептот на „Поетроника за млади“ и отвора нови можности за културна размена меѓу младите уметници во регионот, стои во најавата за настанот.