Подигната обвинителна пријава за убиството на Чарли Кирк, обвинителот ќе побара смртна казна

Против осомничениот за убиството на американскиот конзервативен активист Чарли Кирк, Тајлер Робинсон, е подигната обвинителна пријава, а обвинителот ќе побара и смртна казна, објави BBC.

Робинсон е обвинет по седум точки: тешко убиство, кривично дело пукање со огнено оружје, попречување на правдата преку преместување на оружјето, попречување на правдата преку уништување на облека, влијание врз сведок – барање од цимерот да избрише пораки, влијание врз сведок – наредба на цимерот да молчи, и извршување насилно кривично дело во присуство на дете.

Окружниот обвинител Џеф Греј соопшти дека неговата канцеларија планира да побара смртна казна во овој случај.

Чарли Кирк, влијателен конзервативен активист и близок сојузник на поранешниот претседател Доналд Трамп, беше убиен со огнено оружје додека говореше на настан на Универзитетот во Јута.

Извор: N1info.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни