Поддршка за студентите во Србија од Виена, Лондон, Париз, Берлин, Стокхолм и Цирих

Протестите биле мирни и одбележани со транспаренти кои ги изразуваат солидарноста и поддршката на српската дијаспора

Српската дијаспора денес организираше протести за поддршка за студентите низ цела Европа. Петнаесет минути тишина за 15 лица кои загинаа пред точно три месеци во падот на натстрешницата во Нови Сад, се одржани во Виена Лондон, Берлин, Париз, Стокхолм и Цирих.

Во Виена, протестот беше одржан пред Амбасадата на Србија. Протести за поддршка студентите се одржаа и пред Амбасадата на Србија во Лондон. Истовремено, во Париз, Стокхолм и Цирих се одржаа протести во знак на солидарност со студентите во Србија, кои изразуваат поддршка во нивната борба за правда и против корупцијата.

Протестите биле мирни и одбележани со транспаренти кои ги изразуваат солидарноста и поддршката на српската дијаспора, која и покрај големата дистанца, се чувствува блиска и поврзана со случувањата во Србија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни