Почнува новата сезона на кошакарската Евролига

Оваа сезона Евролигата има 20 тимови, што значи дека ќе се одиграат 38 кола, a Дубаи и Хапоел се дебитанти во елитното натпреварување

Денеска започнува новото, 26-то издание на Евролигата.

На отворањето на првото коло честа да ги одиграат воведните натпревари од 18 часот ја добија Дубаи и Партизан, односно Хапоел Тел Авив и Барселона (овој натпревар се игра во Софија).

Покрај овие два натпревари на првиот ден од Евролигата, на програмата се уште пет натпревари.

Анадолу Ефес – Макаби (19.45 часот)
Црвена звезда – Олимпија од Милано (20)
Панатинаикос – Баерн Минхен (20.15)
Басконија – Олимпијакос (20.30)
Виртус Болоња – Реал Мадрид (20.45)

Утре првото коло се затвора со мечевите Монако – Жалгирис (19.30) Фенербахче – Париз (19.45) и Асвел – Валенсија (20.00)

Второто коло започнува веќе во четврток и завршува во петок.

Оваа сезона Евролигата има 20 тимови, што значи дека ќе се одиграат 38 кола. Дубаи и Хапоел се дебитанти во елитното натпреварување, а Валенсија ќе игра наместо Алба оваа сезона.

Актуелен шампион е Фенербахче, кој заедно со екипите на Панатинаикос, Олимпијакос, Реал и Монако се едни од фаворитите за освојнување на титулата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни