Почнува 14. „Анимакс Скопје фест“

Во Кинотека на Северна Македонија денеска и утре ќе се одржува 14. „Анимакс Скопје фест’ на кој во официјалната селекција ќе бидат прикажани 30-ина анимирани филмови  избрани од над 1800 пријавени остварувања од светот.

Селектор на годинашното фестивалско издание е Диме Ратајковски, а членови на жирито кои ќе одлучуваат за добитниците на наградите Златна, Сребрена и Бронзена тула се Илиана Петрушевска, Ева Камчевска и Саша Станишиќ. Мото на 14-тото издание на „Анимакс Скопје фест’ е „Траење…“ 

 Директорот на фестивалот Кузман Кузмановски вели дека во речиси една и пол деценија постоење на „Анимакс“  се пријавувале илјадници анимирани филмови од цел свет и најчесто биле наградувани или селектирани во официјална конкуренција анимирани филмови кои истата година добивале Oскар или други престижни награди.

-Антиципацијата за уметничкиот квалитет, универзалност и креативен потенцијал секогаш биле препознаени на „Анимакс“ од стручното жири, додава Кузмановски. 

Проекциите ќе почнуваат во 20 часот.  Влезот е слободен. 

Фото: Анимакс Скопје фест Извор: mia.mk

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни