Почна десетчасовната блокада на магистралите во Нови Сад – на студентите им се приклучија и земјоделците

Блокадата на магистралните патишта во Нови Сад, организирана од страна на студентите во овој град, започна утрово во 7 часот.

Блокирани се Футошкиот пат кај ГСП, како и кружниот тек на Руменечкиот пат. Според најавите на студентите, блокадите ќе траат до 17 часот. Полицијата кај гробиштата ги пренасочува возилата назад кон Руменка, а патниот правец од гробиштата до Авијација е целосно блокиран.

Tрактори се распоредуваат за да го блокираат Руменечкиот пат, а исто така трактори ја блокираат и раскрсницата кај ЈГСП „Нови Сад“.

На местото на блокадата присутна е и сообраќајната полиција.

Студентите кои ја блокираат Академијата за уметности во Нови Сад претходно најавија дека блокадата на магистралните патишта ќе биде директен удар врз економијата на државата и ќе се одржува секој понеделник од 7:00 до 17:00 часот.

„Со блокада на клучните транспортни точки за нафта и гас, вршиме притисок врз економијата и сакаме нашиот глас да се чуе уште подалеку! Ги повикуваме граѓанките и граѓаните на Нови Сад, како и околината, да ни се придружат во блокадата на магистралните и транспортните патишта, за заедно да се бориме за правда“, порачаа студентите преку Инстаграм.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни