54-годишен маж од Лариса, починал од срцев удар откако дознал дека негов близок пријател е меѓу загинатите во несреќата во Романија.
За потсетување, ужасната сообраќајна несреќа се случи во западна Романија, во близина на градот Лугој, на околу 80 километри од границата со Србија. Шест лица загинаa на лице место, додека друго почина на пат кон болницата.
Во несреќата се тешко повредени уште три лица, кои се во критична состојба.
Еден од навивачите има повеќекратни фрактури на ‘рбетот, скршени ребра и скршена клучна коска. Вториот претрпел фрактура на ‘рбетот и тешка повреда на главата, додека третиот бил свесен и комуникативен кога бил примен.
