На 91годишна возраст, вчера во Скопје почина Родољуб Анастасов, доајен на македонското сликарство и професор од првата генерација професори на Факултетот за ликовни уметности (ФЛУ), објави денеска Фондацијата посветена на делото на уметникот.
„Вчера почина големиот професор, сликар и бескраен трагач по одговорите за човекот, времето и просторот – Родољуб Анастасов“, објави Фондацијата.
Анастасов бил ученик на Лазар Личеноски, Димитар Пандилов и Васил Коџоман, а во 1962 дипломирал на Уметничката академија во Белград. Од 1963 до 1965 бил на робија на Голи Оток како политички осуденик за вербален деликт, поради несогласување со ставовите за апстрактната уметност на југословенскиот лидер Јосип Броз-Тито. По враќањето во Скопје почнал да работи на полето на нефигуративната уметност. Од 1980 до пензионирањето беше професор на Факултетот за ликовни уметности (ФЛУ) во Скопје.
Анастасов“ каде секоја година се отвара поставка со дела од колекцијата и која често и самиот ја посетуваше.
Последната изложба на Анастасов со нови дела беше во Музејот на Град Скопје во јули 2023, насловена „Визии-Глава полна со луѓе“ со над 200 портрети, насликани во периодот 2016-2022.
Лани во февруари, во чест на неговиот 90. роденден, беше отворена изложбата „Сите деца на Родољуб Анастасов“, со дела на 42 уметници кои биле студенти од сликарските класи на професорот Анастасов од ФЛУ (1980-2000).