Почина легендарниот радио водител Драган Б. Костиќ

Денес на 75 годишна возраст почина еден од најпознатите македонски радио водители и диџеј, Драган Б. Костиќ

Утрово по кратко боледување, на 75 годишна возраст почина еден од најпознатите македонски радио водители и диџеј, Драган Б. Костиќ, потврдија од неговото семејство.

Костиќ своите почетоци ги прави во Македонското радио во 70тите години од минатиот век.

Тој беше најпознат како водител  од „Радио урнебес“, преку „Диско селектор“, и „Заборави ако можеш“, па се’ до „Кавервил“, „Чартфајл“, „Б.“…

Во 2018 година ја започна и телевизиската емисија „Б со точка“ на Телевизија 24, која се емитуваше две сезони до 2019 година.

Во 2024 година, со големиот музички настан „Последниот танц“ во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, Драган Б. Костиќ ја одбележа својата 50-годишна кариера.

Токму пред настанот во интервју за Трн, Костиќ зборуваше за неговите почетоци, за мотивацијата за работа, за меговиот животен пат.

„Во секоја музика наоѓам свои фаворити, музиката не е само она што комерцијално и се претставува на публиката, во позадине врие од интересни проекти од сите трендови. Мое омилено подрачје е блуз, блуз рек, соул, класичен џез“ рече тогаш Костиќ кој ќе биде запаметен и по рекордниот број на неговата колекција на плочи.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни