Почина Филип Аврамчев

фото - архива trn.mk

Филип Аврамчев, поранешен директор на Универзална сала, заслужен за извонредните изданија на Skopje Light Air District, како и еден од организаторите на меѓународната конференција за Вештачка интелигенција АI Tech Summit, почина по кратко боледување.

Филип Аврамчев е роден во Скопје, своето образование го стекнува во родниот град, во Оклахома, Атина и во Женева. Помеѓу кариерата во приватниот сектор, беше дел од тимот во 2013 година ви Општина Центар, потоа беше директор на ЈУ „Универзална сала“ – Скопје, за на крај, државниот повторно да го замени со бизнис секторот.

Веста за смртта на Аврамчев ја соопштија членовите на ЛДП, чиј член и функционер беше тој:

Со длабока тага и неверување се збогуваме со Филип Аврамчев, наш долгогодишен член и актуелен член на партиските органи на ЛДП, докажан либерал и наш истакнат активист и борец. Либерално-демократската партија изразува длабока жал и сочувство до семејството Аврамчеви и најблиските роднини и пријатели. Не постојат зборови кои можат да ја надоместат штетата и да послужат како утеха во мигови како овој, но Филип ќе го паметиме ведриот дух, непресушните идеи за подобро утре и моментите поминати заедно како сопартијци, но уште повеќе – како пријатели и партиски другари“

Филип беше еден од луѓето кои овозможија Скопје и Македонија да држат тек со најсовремените културни и технолошки текови во светот, наш драг пријател и соработник кој многу ќе ни недостасува.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни