Грацијано Мезина, еден од нај озлогласените криминалци во Италија, почина вчера на 83-годишна возраст од рак во болница во Милано. Мезина од 2021 година издржуваше 24-годишна затворска казна за трговија со дрога, но во петокот бил префрлен во болница, каде што починал само ден подоцна.
Потекнувa од Сардинија и Мезина стекнал слава уште во младоста поради своите спектакуларни бегства од затвор – дури десет на број, според весникот La Repubblica. Еднаш успеал да скокне од воз за време на трансфер, а друг пат се преоблекол во свештеник за да побегне.

Иако често бегал, повеќе од 40 години од животот ги минал зад решетки.
Во 1960-тите и 70-тите години Мезина бил лидер на банда за киднапирања и имал големо влијание на Сардинија. Во 1992 година, неговата слава достигнала таков степен што бил донесен од затвор за да преговора за ослободување на киднапиранo дете, по што добил помилување од тогашниот претседател на Италија.
По помилувањето, отворил туристичка агенција, но старата навика го вратила назад – повторно бил уапсен во 2013 година за организирање на голема операција за трговија со дрога.
Во 2020 година, Врховниот суд на Италија го осудил на 24 години затвор. И повторно – побегнал. Но, следната година бил повторно уапсен и вратен во притвор.
Во текот на шеесеттите години, Мезина станал популарен меѓу луѓето на југот на Италија поради антикапиталистички ставови и мотивите зад неговите киднапирања, кои често ги насочувал кон богатите. За него се пишувале книги, песни, па дури и филм.
Со неговата смрт, завршува едно контроверзно поглавје од италијанската историја, кое меша злосторство, харизма, бунт и народна поддршка.