Почина доајенот на македонското сликарство Родољуб Анастасов

На 91-годишна возраст почина македонскиот сликар Родољуб Анастасов, еден од најзначајните современи уметници и поранешен професор на ФЛУ во Скопје.
Фото: Фондација „Родољуб Анастасов“

Почина еден од најистакнатите македонски сликари и доајен на современата уметност, Родољуб Анастасов, на 91-годишна возраст во Скопје. Веста за неговата смрт ја соопшти Фондацијата посветена на неговото дело, наведувајќи дека Анастасов бил „голем професор, сликар и трагач по одговорите за човекот, времето и просторот“.

Анастасов важи за една од клучните фигури во современото македонско сликарство. Во текот на својата кариера остави силен печат како уметник и педагог, а од 1980 година до пензионирањето беше професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје.

Во 2009 година, Американскиот биографски институт го вброи меѓу 500-те најголеми генијалци во 21. век, што дополнително ја потврдува неговата меѓународна препознатливост. Тој бил ученик на истакнати македонски уметници и остави зад себе богат опус од дела, од кои дел се донирани на Музејот на Град Скопје, каде денес постои и галерија што го носи неговото име.

Последната негова голема изложба со нови дела беше одржана во 2023 година во Скопје, со над 200 портрети создадени во период од неколку години.

Погребот на уметникот ќе се одржи на 6 април на Градските гробишта Бутел во Скопје.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни