По Зохран Мамдани, победа на Демократите во Вирџинија, Њу Џерси и Њујорк

Демократите бележат три важни изборни победи во САД –Зохран Мамдани станува првиот муслиман градоначалник на Њујорк, Ебигел Спанбергер прва гувернерка на Вирџинија, а Мики Шерил ја одржува демократската позиција во Њу Џерси.
epa12504017 Mayor-elect of New York City Zohran Mamdani speaks during an election night party hosted by the Democratic nominee in the Brooklyn borough of New York, USA, 4 November 2025. Mamdani has defeated Andrew Cuomo to win the New York mayoral election. EPA/SARAH YENESEL

По прв пат од доаѓањето на Доналд Трамп на власт, Демократската партија во САД бележи сериозен успех, освоивши три важни изборни позиции, што се смета како сигнал против политиките на сегашната американска администрација.

Зохран Мамдани нов градоначалник на Њујорк

Левичарски ориентираниот демократ Зохран Мамдани, на 34 години, е избран за градоначалник на Њујорк, станувајќи првиот муслиман на таа позиција. По пребројување на повеќе од 97% од гласовите, Mamdani беше во убедливо водство.

На изборите излегле над 2 милиони луѓе, најмногу од 1969 година.Претходниот гувернер Ендру Куомо, кого го поддржуваше Трамп, заврши на второто место. Трамп пред изборите најави дека би можел да ги намали федералните средства за Њујорк ако Mamdani победи.

Eбигел Спанбергер – прва гувернерка на Вирџинија

Eбигел Спанбергер, демократка која има 46 години, е избрана за гувернерка на Вирџинија, победувајќи ја републиканската кандидатка Винс ЕРл-Сирс. Таа е првата жена гувернер на Вирџинија. Поранешна членка на Конгресот и службеничка на ЦИА, Спанбергер нагласила економски прашања. Нејзинта колешка, Газала Хашми, е избрана за заменик-гувернерка, станувајќи прва Американка од индиско потекло и прва муслиманка на таа функција.

Мики Шерил ја одржува демократската позиција во Њу Џерси

Мики Шерил, поранешна воена пилотка и членка на Конгресот, е избрана за гувернерка на Њу Џерси, победувајќи го републиканецот Џек Чатарели. Таа ја продолжува демократската традиција во Њу Џерси, фокусирајќи се на животните трошоци и социјални прашања

Нови изборни окрузи во Калифорнија

Гласачите во Калифорнија одобрија нови изборни окрузи, што демократската партија може да го искористи за до пет дополнителни места во Конгресот на изборите 2026 година. Иницијативата ја води гувернерот Гевин Њусом, со цел да се спречи влијанието на Трамп и да се заштити демократијата. Претходно, поранешниот претседател Барак Обама ја поддржа оваа мерка.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни