Освојувачот на последниот македонски фудбалски куп и најтрофејниот македонски клуб ФК Вардар вечерва повторно игра.
Вечерва од 20:30 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, „црвено-црните“ го пречекуваат тимот Ла Фјорита од Сан Марино во првиот меч од квалификациите за Конференциската лига на УЕФА.
Победа вечерва би значела психолошка предност пред реваншот на 17 јули во Сан Марино, потврда на добрата форма оти Вардар има четири победи и една нерешена во последните пет натпревари како и поголеми шанси за пласман во следната рунда.
„Црвено-црните“ важат за убедливи фаворити во двомечот со противникот од Сан Марино.