Очекувањата се дека дискусиите ќе се насочат кон јакнење на заедничките одбранбени капацитети на ЕУ, поддршка за источните земји-членки кои граничат со Русија, како и дополнителна помош за војната разурната Украина.
Иако состанокот беше однапред планиран, тој доби дополнително значење откако данската влада ја опиша неодамнешната појава на дронови — кои предизвикаа сериозни нарушувања во воздушниот сообраќај — како „хибриден напад“.
Во септември, три руски борбени авиони влегоа во естонскиот воздушен простор, додека голем број руски дронови беа забележани во полскиот воздушен простор, што предизвика дополнителни безбедносни тензии.
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, во писмото со кое ги повика лидерите на состанокот, овие инциденти ги нарече „остар потсетник дека мораме да ги забрзаме и продлабочиме нашите напори“.
Меѓу разгледуваните мерки се наоѓа и т.н. „ѕид од дронови“, како одбранбен систем за подобрување на воздушната безбедност на ЕУ, како и користење на замрзнати руските средства во вредност од неколку милијарди евра за финансирање на Украина.
Ќе се разгледува и напредокот на Украина во процесот на пристапување кон ЕУ.
ЕУ се соочува со зголемен притисок да дејствува брзо, особено во услови на неизвесност околу поддршката од САД, откако Доналд Трамп повторно ја презеде функцијата претседател на Америка.
По денешната средба, ќе следи и двонеделен самит во Брисел до крајот на месецот. Утре, во четврток, десетици европски лидери ќе присуствуваат и на самитот на т.н. Европска политичка заедница, форум чија цел е поттикнување на политички дијалог и соработка надвор од рамките на 27-те земји членки на Унијата.
Извор: Index.hr