Чекалната во Здравствениот дом „Јован Јовановиќ Змај“ во Нови Сад е преполна, а повеќе граѓани велат дека побарале лекарска помош поради симптоми што ги почувствувале откако биле изложени на сомнителното дејство на звучен топ за време на протестот во Белград во саботата.
Неколкумина од нив за медиумите изјавиле дека имаат симптоми како вртоглавица, главоболка, мачнина и зуење во ушите. Една девојка која била прегледана изјавила за медиумите дека добила совет од лекар да пие магнезиум и била упатена на оториноларинголог.
„Имам снимка што потврдува дека луѓето паѓаа околу мене… Слушнав звук како бран, нешто што е тешко да се опише, како некој невидлив да те турка… Сите околу мене паѓаа и слушнав силен писок во далечината. Девојката до мене удри во работ на плочникот за време на метежот… Беше страшно да се види тој момент. Јас лично сè уште имам зуење во увото, чувствувам притисок. Кога е тивко, и понатаму го слушам звукот. “, изјавил еден од девојките која што побарале лекарска помош.
Од Здравствениот дом во Нови Сад за Н1 потврдиле дека граѓани со вакви симптоми се јавуваат на прегледи.
„Попладнево почнаа да пристигнува голем број пациенти со главоболка и зуење во ушите. Необично голем број пациенти за неделно попладне. Сите минуваат низ основен преглед, ЕКГ и мерење на притисок, а потоа, доколку е потребно, се упатуваат на специјалистички прегледи – на ОРЛ во болницата во Мишелук или во Ургентниот центар, ако состојбата го наложува тоа“, изјавија од здравствениот дом.
Студентите во блокада го осудија користењето на уред кој има исти ефекти како звучен топ. Неколку невладини организации собираат сведоштва од граѓаните за можното користење на звучно оружје.