Мултимилијардерот, сопственикот на Tesla, социјалната мрежа X, SpaceX и Neuralink, самопрогласениот „апсолутист на слободата на говорот“ и најголемиот финансиер на кампањата за вториот мандат на Доналд Трамп во Белата куќа, Илон Маск, се појави на фотографија која осамна на социјалните мрежи. На фотографијата Маск позира со новоизбраниот американски претседател и неговото семејство. Таа фотографија ги поттикна шпекулациите за односот на Маск и Трамп, како и за неговата улога во новата администрација.
Фотографијата објавена од ќерката на Доналд Трамп Џуниор и внук на Доналд Трамп, 17-годишната Каи Трамп и е насловена како „Целиот тим“ . На неа се прикажани Трамп, неговите пет деца, пет внуци – и Илон Маск. Првата дама Меланија Трамп ја немаше на фотографијата.
Маск стои до Лара Трамп, снаата на Доналд, а неговото присуство поттикна прашања за вмешаноста на мултимилијардерот во следната администрација.
Ова може да сигнализира потенцијална соработка или советодавна улога во областите на интерес на Маск, како што се вселенското истражување, вештачката интелигенција и енергијата. Засега нема официјални изјави за улогата или намерите на Маск со новата администрација. Сепак, вклучувањето на милијардерот во толку висок профил на семејна фотографија сугерира дека неговото влијание би можело да се почувствува на неочекувани начини во наредните години, пишува Newsweek.
Покрај Маск, на фотографијата се и зетот Мајкл Булос, Тифани Трамп, Доналд Трамп Џуниор, Каи Трамп, Барон Трамп, Доналд Трамп, Клои Софија Трамп, Тристан Милош Трамп, Ванеса Трамп, Спенсер Фредерик Трамп, Доналд Трамп Џон Трамп III., Иванка Трамп, Џаред Кушнер, Ерик Трамп, X-AE-A12 и Лара Трамп. Сите освен Меланија.