По несреќата во Нови Сад, оставки и на министерот за внатрешна и надворешна трговија на Србија и директорката на железничката инфраструктура

Претходно, поради притисокот на јавноста, оставка поднесе и министерот за градежништво Горан Весиќ

Министерот за внатрешна и надворешна трговија на Србија и директорката на железничката инфраструктура поднесоа оставка. Томислав Момировиќ и Јелена Танасковиќ, си заминаа од функцијата оставка поради трагедијата на железничката станица во Нови Сад, во која, загинаа 15 лица, а уште две беа тешко повредени.

Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека ќе име оставки во Владата. Очекува наскоро да има одговор и од Обвинителството. Претходно, поради притисокот на јавноста, оставка поднесе и министерот за градежништво Горан Весиќ. А додека во Нови Сад втор ден по ред траат блокадите и протестите пред судот и обвинителството, протести и блокади на неколку моста има и во Белград.

Александар Вучиќ за денес најави седница на Советот за национална безбедност, без да го посочи поводот за свикувањето

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни