По Кипар и Грција, и Крџали, (област во Бугарија) ја спроведва мерката „без мобилни телефони на часови“. Одговорните во училиштето „Отец Паисиј“ во Крџали воведоа мерка „забрана“ за користење мобилни телефони на часовите.
Мерката ќе се применува од 5-то до 7-мо одделение во СОУ „Отец Пајсиј“. Учениците ќе мораат да ја почитуваат, односно секој ден, пред превиот час треба да ги оставаат телефоните во специјално шкафче и потоа, по завршувањето на часот, да ги земаат.
„Целта е да се ограничи негативното влијание на мобилните уреди врз вниманието и психата на децата“, велат надлежните во училиштето.
Со мерката се очекува да се обезбеди „барем во еден дел од денот децата да не бидат опседнати со своите телефони“. Одлукатана училиштето стапува на сила по спроведена анкета меѓу родителите на учениците.