По израелскиот напад: Блискиот Исток се тресе, што следува и дали војната е неизбежна?

Израел изврши „превентивен напад“ врз Иран, а експлозиите во Техеран ја зголемуваат тензијата во регионот. Што се случува на Блискиот Исток и какви се очекувањата за можен конфликт?

Нападот на Иран од страна на Израел не дојде случајно и тој е резултат на месеци, па и години на засилени конфликти и геополитички трка на Блискиот исток.

Од почетокот на војната меѓу Израел и групата Хамас во октомври 2023 година, тензиите се прелеа надвор од границите на Газа. Тоа доведе до ретки, но директни конфликти меѓу Израел и Иран, вклучувајќи воздушни удари, ракетни напади и одмазднички операции на двете страни.

Иран, кој долго време ја поддржува вооружената опозиција против Израел преку свои сојузници како Хезболах беше силно вклучен во регионот како покровител и логистички центар.

Зошто конфликтот ескалираше сега

Во последните недели состојбата меѓу САД, Израел и Иран брзо се влоши поради неуспехот во нуклеарните преговори во Женева, каде што САД и Иран не успеаја да постигнат договор за ограничување на иранската нуклеарна програма. САД под притисок најавија можни воени дејства ако дипломатијата „не донесе резултат“.

Паралелно, САД изгради најголема сила на Блискиот исток во последни децении со два носачи на авиони, стотици авиони и дополнителни припадници што дополнително ги зголеми опасностите од воена ескалација.

Израел и Иран: директни судири пред ова

Во 2025 година веќе имаше директни израелски воздушни напади насочени кон ирански воени и нуклеарни објекти, што резултираше со големи загуби и жестока иранска одмазда со ракети и дронови врз Израел. Таа војна заврши со прекин на огнот, но не и со трајно смирување.

Овој долг конфликт покажува дека Израел и Иран веќе не водат само „прокси-војна“ преку сојузниците, туку директно се соочиле на воениот фронт — ситуација што режисирала нови ризици за поширока ескалација.

Што се смета дека ќе се случи понатаму

Одмазда на Иран -по израелските удари, е очекува да следи жестока иранска реакција — вклучително и ракетни и воздушни напади врз израелски градови или сојузнички цели.

Ширењето на конфликтот -Стравувањата се дека војната би можела да „се прелее“ на други фронтови — вклучително Либан, Сирија или Јемен, каде што проирански групи веќе се активни.

Меѓународна вмешаност – САД и западните сојузници веќе евакуираат дипломати и советуваат граѓани да се држат подалеку од конфликтните зони, што е сигнал дека очекуваат понатамошни судири.

Промени на нафта и енергетски пазари – Постои и економска загриженост, со раст на цените на нафтата и ризици за безбедноста на клучните морски премини како Хормузовиот теснец.

Дипломатија и повици за смирување

Дури и во вакви услови, меѓународни актери — од ООН до држави од Персискиот Залив — повикуваат на воздржување и решавање преку дијалог, предупредувајќи дека поширока војна би имала „разорни последици“ за целиот регион.

Оваа ситуација е исклучително нестабилна и брзо се менува, со ризик конфликтот да прерасне во поширока војна на Блискиот исток. Следните денови и недели ќе бидат критични за тоа дали ќе преовлада дипломатијата или оружјето.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни