По девет часа завршија американско-украинските преговори во Саудиска Арабија

Американско-украинската средба во Џеда заврши по деветчасовни преговори, јавуваат саудиските медиуми.

Разговорите меѓу двете делегации се фокусираа на пронаоѓање дипломатско решение за војната, вклучувајќи можни преговори со Русија.


Украина, која настојува на обновување на американската воена помош и размена на разузнавачки информации, предложила делумно примирје како дел од дискусиите.

Оваа средба е прва на високо ниво помеѓу Вашингтон и Киев откако во февруари украинскиот претседател Володимир Зеленски и актуелниот американски лидер Доналд Трамп размениле остри реплики за време на нивната средба во Белата куќа.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни