По 276 дена кинеското експериментално летало се врати од орбитата

Кина објави дека нејзиното „експериментално летало за повеќекратна употреба“ се вратило во орбитата по 276 дена.

Кинеската аерокосмичка корпорација за наука и технологија соопшти дека експерименталното вселенско летало успешно се вратило на местото на слетување во центарот за лансирање на сателити „Жукван“ во пустината Гоби, северозападна Кина.

„Успехот на овој експеримент означува важен пробив во истражувањето за повеќекратните вселенски технологии. Со овој потег ќе се овозможат попогодни и поприфатливи методи со кои и во иднина ќе може да се изведуваат вакви експерименти, а со тоа да се добиваат и нови податоци“, велат од корпорацијата.

Во исто време, кинеската агенција за човечки вселенски летови објави дека товарното летало Тианжу-6 и ракетата Лонг Март-7 веќе се спремни за нивното лансирање. Според последните активности тие веќе се поставени на т.н рампа за лансирање.

Меѓу другото од агенцијата истакуваат и дека, товарното летало Тианжу-5 повеќе не се движи во рамки на зацртаните линии туку сега има свој независен лет. Вселенското летало Тианжу-5 има задача да ја поддржи вселенската мисија Шенжу-15 со тоа што ќе обезбедува дополнителни информации, покрај неговата основна намена.

Инаку товарното вселенско летало Тианжу беше лансирано во ноември минатата година и носеше залихи, гориво и научен материјал за мисијата Shenzhou-15.

Во 2021 година слично вселенско летало полета до работ на вселената и се врати на Земјата истиот ден, во мисија која исто така во голема мера беше чувана во тајност. Тоа летало слетало на Земјата „хоризонтално“, според главниот кинески изведувач во тоа време.

Од друга страна на социјални мрежи во Кина се шпекулира дека Пекинг развива вселенско летало како Х-37Б на американските воздухопловни сили, автономен вселенски авион кој може да остане во орбитата со години.

Беспилотниот и повторно употреблив X-37Б се врати на Земјата минатиот ноември на својата шеста мисија, по повеќе од 900 дена во орбитата.

Извор: news.sky.com

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни