Колку се платени актерите од новата серија за Хари Потер?

Платите на младите ѕвезди на HBO серијата за Хари Потер достигнуваат милионски износи, што ги прави потенцијални мултимилионери пред да наполнат 18 години.

Ѕвездите на новата серија на Harry Potter би можеле да станат мултимилионери пред да наполнат 18 години, според предвидувањата за нивните високи плати.

Минатата недела, обожавателите добија прв увид во адаптацијата на првата книга на Harry Potter и Каменот на мудроста, која треба да се појави на екрани околу Божиќ оваа година. Амбициозниот проект предвидува секоја од седумте книги да се претвори во посебна сезона, овозможувајќи подетално прикажување на приказната, а продукцијата се планира да трае десет години.

Според пишувањата на The Sun, извор од телевизиската индустрија открил дека главните актери, Dominic McLaughlin, Arabella Stanton и Alastair Stout, за првата сезона ќе заработат по 575 илјади евра. „Тоа е огромна плата за тројца мали актери кои дури не се ни тинејџери, а ова е само почеток. Ако продолжи вака, ќе станат мултимилионери пред да наполнат 18 години“, изјавил изворот.

McLaughlin, Stanton и Stout се избрани за улогите на Хари Потер, Хермиона Грејнџер и Рон Визли по масовни аудиции на кои, според BBC, се пријавиле повеќе од 32.000 деца.

„Тоа е многу пари за толку мали деца, но тие ќе станат најпознатите мали ѕвезди во светот. Како што се случи со Daniel Radcliffe, Emma Watson и Rupert Grint, кога добија улоги, нивните животи ќе се променат засекогаш“, додал изворот.

За споредба, Daniel Radcliffe за улогата на Хари Потер во првиот филм заработил нешто повеќе од милион евра. До последните два филма, снимени според книгата „Harry Potter и Даровите на смртта“, Radcliffe заработил 43,24 милиони евра, а неговата вкупна заработка од франшизата, вклучувајќи ги и тантиемите, се проценува на околу 110,7 милиони евра.

Неговите колеги, Emma Watson и Rupert Grint, кои го глумеа најдобрите пријатели на Хари, заработиле околу 55 милиони, односно 24 милиони евра.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни