Плановите за нападот во Јемен американските функционери по грешка ги споделиле со новинар

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп направила огромен безбедносен пропуст, откако новинар бил додаден во чет-група во која се планирал нападот на Јемен.
Фото: Gage Skidmore

Високи американски функционери случајно го додале главниот уредник на Атлантик, Џефри Голдберг во групниот разговор на Сигнал, каде се разговарало за плановите за воени напади. Во групата биле вклучени исоки функционери како советникот за национална безбедност на Белата куќа, Мајкл Волц, потпретседателот Џеј-Ди Венс, секретарот за одбрана Пит Хегсет и директорот на ЦИА Џон Ретклиф.

Голдберг објави дека во разговорот било договарано времето за напад, како и целите за американски воздушен напад против бунтовничката група Хути во Јемен, што се случи на 15 март. Деталите за кои се разговарало во групата се совпаѓале со вистинскиот удар, предизвикувајќи загриженост за протекување чувствителни воени информации.


Сигнал, безбедна апликација за пораки што ја користат новинари и владини претставници, овозможува исчезнување на пораки и псевдоними, но останува нејасно како е додаден Голдберг во разговорот кој очигледно треба да биде таен.

Белата куќа го потврди инцидентот, наведувајќи дека Голдберг „ненамерно бил додаден“ во разговорот и дека го разгледува прекршувањето.

Протекувањето поттикна повици за истрага за безбедноста на комуникациите на американската влада и случајното споделување чувствителни информации.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни