Сместена меѓу густо населени делови на градот, депонијата претставува сериозна закана за здравјето на милиони луѓе. Смрдеата е неподнослива, особено во летните месеци, а честите пожари создаваат густ, токсичен чад што го обвива соседството. Лизгањето на стрмните насипи од отпад веќе предизвикале трагедии – во 2017 година, повеќе од 50 милиони тони отпад се срушиле и затрупале десетици луѓе и возила.
„Ја гледам како расте секој ден. Сите власти ветуваат, ама никој ништо не презема,“ вели 71-годишниот Ибрахим Кан за Sky News. „Сите што живеат овде се разболуваат. Јас сум срцев болесник и едвај дишам.“
Иако од далеку Газијипур може да изгледа како природен рид, мирисот брзо открива дека станува збор за еден од најопасните примери на човековото невнимание кон природата и здравјето. Делхи произведува повеќе од 11.000 тони отпад дневно, а голем дел од него завршува токму тука. Газијипур продолжува да расте – секоја година во просек по 10 метри – претворајќи се во симбол на институционален неуспех и еколошка закана што никој не успева да ја запре.