Pirka ја претставува Klubtura – уникатно аудио-визуелно доживување на Оревче

На 26 јули, публиката ќе има шанса да доживее Klubtura на Оревче, со line-up кој го носи најдоброто од домашната и европската сцена

Во сабота, 26 јули, сцената на Orevche Beach Club ќе ја освои Klubtura – проект на Pirka – еден од најдинамичните аудио-визуелни колективи од Македонија.

Ентузијастите здружени во Pirka велат дека тоа е повеќе од музички бренд – тоа е движење без форма. Како ветер што патува низ простор и звук, Pirka се развиваше од livestream сесии и промоција на домашни артисти, до светски позната издавачка куќа (label). Осум години подоцна, нивното мото останува исто – создавање хармонично и балансирано доживување за сите сетила.

Од самите почетоци на Pirka се иницираше и Klubtura – концепт што ја слави клабинг културата, звукот и артистите. Настаните се препознатливи по сетови кои носат сосема нова и често неиздадена музика, и по визуелното и сценографско доживување кое ја збогатува атмосферата со уникатни арт-инсталации.

На 26 јули, публиката ќе има шанса да доживее Klubtura на Оревче, со line-up кој го носи најдоброто од домашната и европската сцена. Настанот ќе го отворат Dout и Djarto, членови на Pirka, кои ќе ја подготват енергијата за Enzo Leep – еден од највлијателните артисти на современата електронска сцена.

Познат и под уметничките имиња Álvaro Lamet и Giralda, овој шпански артист постојано ги турка границите на минимал-хаусот, комбинирајќи електронски текстури со органски и интимни вибрации. Тој е редовен изведувач на најголемите европски фестивали и клубови, како и активен артист на издавачот Pirka.

Оваа сабота, Enzo пристигнува со специјален sunset сет на Оревче. А Klubtura ќе покаже дека е повеќе од журка – тоа е состојба на духот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни