Пезешкијан: Снабдувањето со енергија во Иран ќе остане стабилно и покрај нападите

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан уверува дека снабдувањето и дистрибуцијата во земјата ќе функционираат стабилно и покрај последиците од нападите

Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, порача дека системот за снабдување и дистрибуција во земјата ќе остане стабилен и покрај последиците од неодамнешните напади поврзани со конфликтот меѓу САД и Израел. Во објава на социјалната мрежа X, Пезешкијан истакна дека институциите работат координирано за да се обезбеди нормално функционирање на пазарот и снабдувањето со основни производи.

Тој откри дека одржал состанок со раководството на Министерството за индустрија, рударство и трговија, каде биле разгледани детални извештаи за состојбата во индустрискиот сектор, особено во компаниите погодени од нападите. Според него, и покрај штетите, производствените капацитети постепено се стабилизираат, а државата презема мерки за одржување на економската активност и непречена дистрибуција.

Пораката до граѓаните е дека нема потреба од загриженост, бидејќи системот функционира „во уреден и стабилен рамки“, со цел да се избегнат нарушувања во снабдувањето.

Изјавата доаѓа во чувствителен момент, кога регионалните тензии и нападите врз инфраструктурата создаваат притисок врз економијата, но властите во Техеран уверуваат дека контролата врз клучните системи останува цврста.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни