Петти ден граѓанска неспослушност во Србија, режимот апси – граѓаните блокираат

Голем број на актери, професори, спортисти, музичари секојдневно се на блокадите низ Белград и останатите српски градови

Петти ден откако студентите во блокада и граѓаните првенствено низ десеттици градови ги блокираат најфреквентните сообраќајници.

Во меѓувреме, полицијата и обвинителството за кои голем дел од граѓаните сметаат дека се во служба на режимот на Александар Вучиќ, продолжуваат со апсење, притворање и гонење на студентите и активистите.

Од блокада во самица

Весна Клачар (42), вчера била приведена од полицијата поради учество во блокада кај Фонтана во Нов Белград. Таа денес за белградските медиуми раскажа за третманот на кој била подложена во полициската станица, како и за последиците што ги имал тоа.

Оние што ја познаваат напишаа на социјалните мрежи дека таа била нежна, кревка жена, тешка само околу педесет килограми, која дошла само да ги поддржи студентите и имала две ќерки за кои требала да се грижи, од кои помладата имала аутизам.

Расте бројот на јавни личности кои даваат поддршка на блокадите, меѓу нив и Ѓоковиќ

Голем број на актери, професори, музичари секојднедно се на блокадите низ Белград, а поддршка на блокадите и борбата против режимот даваат и уметници и спортисти кои во моментот поради ангажмани не се на територија на Република Србија.

Огромен дел од студентите и активистите со воодушевување го дочекаа потегот на најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ кој синоќа по победата во првото коло на Вимблдон симулираше пумпање, термин што стана заштитен знак за неколкумесечните протести низ Србија.

За денес исто така закажани се десеттици блокади на различни локации низ државата, а по број на блокади предничат Белград и Нови Сад.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни