Иако петок 13 со децении се смета за ден на несреќа и суеверие, астролозите велат дека не сите хороскопски знаци го чувствуваат неговото негативно влијание. Напротив, постојат три знаци од Зодијакот кои на овој датум имаат силна енергија што ги штити од лоша среќа.
Првиот знак кој се издвојува е лавот. Луѓето родени во овој знак се познати по својата самодоверба, храброст и силна личност. Токму таа енергија им помага лесно да ги надминуваат предизвиците. Додека многумина се плашат од „несреќниот“ петок 13, лавовите остануваат стабилни, оптимистични и подготвени за нови успеси.
Меѓу знаците кои не се плашат од овој датум е и овенот. Неговата храброст, импулсивност и желба за акција го туркаат напред без многу размислување за суеверија. Наместо да избегнуваат ризици, овните често го користат овој ден како можност за нови одлуки и потфати.
Третиот знак кој според астролозите е речиси „имун“ на негативната енергија е рибите. Иако се познати по својата чувствителност, нивната силна интуиција им помага навреме да ги избегнат негативните ситуации и да се движат во насока што им носи мир, стабилност и среќа.