Во гробницата на кралицата Мерит-Неит во некрополата Ум ал-Кааб во Абидос, пронајдени се бројни гробни предмети, а меѓу нив и садови за вино.
Археолозите открија траги од староегипетско вино старо 5.000 години. Истражувајќи го гробот на кралицата од Првата династија, тимот откри стотици садови за вино кои датираат од 3.000 години. п.н.е. во који имало остатоци од вино.
Ваквите истражувања откриваат нови информации за мистериозната монархиња, за која малку се знае.
Мерит-Нит е единствената жена со сопствена гробница на кралските гробишта во Абидос, што значи дека таа веројатно била најмоќната во тој период. Сепак, нејзиниот вистински идентитет и улога останаа мистерија и ден денеска.
Некои од садовите за вино кои се пронајдени во гробницата биле не оштетени, односно стоеле запечатени од кога се поставени таму. Во дел од предметите се пронајдени и семки од грозје.
Истражувачите откриле и дека во непосредна близина се наоѓаат и уште 41 гроб на дворјани и слуги.
Тие се надеваат дека ископувањата би можеле да откријат повеќе информации за животот на кралицата, како и за тој период од историјата. Некои од научниците сметаат и дека со наодите може да се научи нешто повеќе и за раното производство на вино.
„Откривањето на запечатени, недопрени садови за вино во Абидос, заедно со добро сочуваните семки од грозје, има потенцијал значително да го изгради нашето разбирање за некои од најраните фази на производство, употреба и трговија на вино во древниот Медитеран и Северна Африка“, вели Емлин Дод, предавач на Институтот за класични студии.
Таа додаде дека „анализата на остатоците, на пример, може да го покаже хемискиот состав на виното што некогаш било внатре, откривајќи го неговиот вкус и сите адитиви што биле користени“.
Инаку областа каде што е откриена гробницата е локација на неколку кралски гробници, првенствено од раниот династички период, вклучувајќи го и фараонот Нармер, кој генерално е заслужен за обединувањето на Горниот и Долниот Египет и основањето на Првата династија (околу 3.000 п.н.е.).