Пет лавови од Украина преселени во засолниште во Обединетото Кралство

Животните биле спасени од Центарот за спасување на диви животни, управуван од Наталија Попова, Украинка која спасила стотици напуштени миленичиња и животни од зоолошката градина.

Сите пет лавови биле пронајдени во близина на линијата на фронтот во Украина, запоставени и напуштени од нивните сопственици. Сместени се во новиот центар за спасување лавови, кој официјално бил отворен вчера.

„Сите овие пет лава првично беа од илегалната трговија со домашни миленици и трговија со диви животни“, рече Камерон Витнал, управен директор на Засолништето за големи мачки во близина на Ашфорд, околу 80 километри југоисточно од Лондон. „Ниту еден од нив не дојде од зоолошки градини“.


Лавовите биле спасени од Центарот за спасување на диви животни, управуван од Наталија Попова, Украинка која спаси стотици напуштени миленичиња и животни од зоолошката градина од почетокот на инвазијата на Русија во февруари 2022 година. Низ нејзиното засолниште, односно прилагодена коњска штала во близина на Киев, поминале лавови, тигри, леопарди, волци, елени, мајмуни. Стотици се испратени во странство на лекување и закрепнување.

За покривање на трошоците за транспорт, ветеринарна нега и изградба на нов дом за мачките во мај 2024 година започна кампања за собирање средства. Досега се собрани повеќе од 500.000 фунти (598.360 евра).

Персоналот вели дека лавовите добро се прилагодуваат на нивните живеалишта, кои се дизајнирани според индивидуалните потреби на секој лав.

„Имаме уште многу работа, но тие сè поднесуваат неверојатно добро“, рече кустосот Бриони Смит, кој се грижи за животните. „Веќе можете да забележите дека има подобрување во нивната грижа и нивната благосостојба и начинот на кој тие се чувствуваат за тоа“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни